На ѕвездата на „Вовед во анатомија“ ѝ вградиле титаниумски дискови во вратот: Сега сум како робот! ФОТО
Холивудската актерка Кетрин Хајгл (42) вели дека сега е „бионичка“ откако се подложила на операција на вратот за да се ослободи од „најнепријатната болка“ што некогаш ја чувствувала.
Актерката сподели фотографии на Инстаграм од закрепнувањето по операцијата.
„Па … сега сум бионик! Два титаниумски диска сега ми живеат во вратот и веројатно можам да стојам на главата со часови… Сѐ уште нема да го пробам тоа, но дајте ми неколку месеци и ќе видите“, се пошегува таа.
Иако не откри што ѝ се случило, напиша дека двата титаниумски диска ќе ѝ дадат „нов живот без болка“.
Ѕвездата на многумина позната по улогата во серијата „Вовед во анатомија“ на Инстаграм им се заблагодари на лекарите.
Покрај тоа, таа вчера, Денот на Свети Патрик им го честита на обожавателите на Инстаграм.
„Очигледно дека сум благословена со среќата на Ирците“, се пошегува таа.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм