НАЈВЕРОЈАТНО НЕМА ПОЛИТИЧКИ МОТИВИ ЗА СТРЕЛАЊЕТО ВРЗ КАНДИДАТОТ ЗА СОВЕТНИК Внимателно се истражува инцидентот во Куманово

Повредениот е д-р Зекрија Шаини, лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори.

1,055

Двајца обвинители од Основното јавно обвинителство Куманово вршат увид на местото на вооружениот инцидент во центарот на Куманово, при што едно лице беше повредено. Според Јавното обвинителство, првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но се проверуваат сите можни околности поврзани со случајот.

„Двајца јавни обвинители излегоа на лице место и преземаат увидни дејствија. Се прибираат траги и материјални докази кои ќе бидат предмет на вештачење. Во пукањето е повредено едно лице, а по напаѓачот се трага. Првичните индиции не упатуваат на политички мотиви, но сите околности се проверуваат“, соопшти Обвинителството.






Повредениот е д-р Зекрија Шаини, лекар по професија, вработен на Клиниката за пулмологија. Тој е актуелен претседател на Советот на општина Липково и носител на советничката листа на НАИ предводена од ДУИ за претстојните локални избори.

Директорот на Општата болница во Куманово, д-р Сашо Стошевски, изјави дека повредениот е вон животна опасност, и дека по завршените првични медицински иследувања бил испратен во Скопје за понатамошен третман.

– Кај нас беше донесено лицето со иницијали З.Ш. со четири прострелни рани – во левата подлактница и десното колено. Направени се сите потребни иследувања согласно протоколите. Лицето е вон животна опасност и е веднаш пренесено на Клиниката за трауматологија во Скопје – изјави Стошевски.

Од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот се случил денеска во 13:54 часот, на крстосницата меѓу улиците Димитрија Туцовиќ и 11 Октомври во Куманово.

„Две лица во движење од огнено оружје пукале во патничко возило фолксваген голф управувано од З.Ш. (43) од с. Слупчане, кој се здобил со повреди и е пренесен во болницата во Куманово“, соопштија од МВР.

Истражните органи продолжуваат со активности за идентификација на напаѓачите и целосно расветлување на мотивите зад овој вооружен напад.

📽️ ЧЕТИРИ КУРШУМИ ВО ТЕЛОТО НА КАНДИДАТОТ Повредениот од пукањето е пренесен во Скопје и е надвор од животна опаснот

ДУИ И ВРЕДИ ВО СУДИР ПО ПУКАЊЕТО ВО КУМАНОВО Двете партии со остри, но различни пораки

Поврзани содржини