НА ВЕНКО ОД СИТЕ СТРАНИ МУ БРМЧАТ ПРЕДАВНИЦИ Удрил во „осино гнездо“, па се кара со „слабиот“ Петре Шилегов
ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради тоа што СДСМ удруил „во осино гнездо“ и ја открил „најголемата предавничка операција што се подготвувала“ и затоа вчера се обидела преку еден „послаб“ член на опозициската партија, наводно со „приватни проблеми“, да му нанесе штета на СДСМ.
Ова на Фејсбук го тврди Венко Филипче, соочен со се почестите изрази на незадоволство од последните промени во Извршниот одбор на СДСМ.
„Тие пронајдоа еден од нас, послаб. Ги искористија неговите приватни проблеми, задолженоста кон одредени лица, а очигледно и уцени, за да го натераат одвнатре, од самата партија, да внесе немир во нашите редови. Ние го разбираме и нема да се пресметуваме со него. На сите ни е јасно во каква ситуација се наоѓа. Нема да му одмогнеме, можеме само да му помогнеме. До него е да одлучи која страна ќе ја избере“, напиша Филипче.
„Осиното гнездо“ е темата за мигрантите, а „послабиот“ очигледно е Петре Шилегов, кој вчера јавно побара оставка од актуелниот претседател на СДСМ.
Ова е постот на Филипче: