НА ВЕЛЕШАНЕЦ ЌЕ МУ СЕ СУДИ ЗА СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО Ја давел жената со која се разведува во домот на нејзините родители

Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, од ЈО наведуваат дека јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесол предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

769

Основното јавно обвинителство Велес поведе постапка против едно лице за кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, поради основано сомнение дека пријавениот при вршење семејно насилство ја повредил неговата сопруга со која не живее заедно, затоа што во тек е бракоразводна постапка.

„Во домот на родителите на жртвата осомничениот отишол за да го земе на видување нивното шестмесечно бебе, но започнал да и се заканува на жената, а потоа и физички ја нападнал и почнал да ја дави за вратот. Таа претходно повеќе пати го пријавувала за семејно насилство, а против него во тек е и судска постапка за неизвршување на судска одлука“, се наведува во соопштението.






Поради ризикот да го повтори делото или да се даде во бегство, особено со оглед на тоа што членови на неговото потесно семејство живеат во странство, од ЈО наведуваат дека јавниот обвинител оценил дека се исполнети законските услови и поднесол предлог за определување мерка притвор до судија на претходна постапка.

Поврзани содржини
na