Смртта на актерот Шон Конери не ја фрли во сенка даночната измама на неговата сопруга Мишелин Рокебрун Конери.
Таа, од друга страна, негира каква било вмешаност во „тешката“ измама од 21 милион фунти во врска со продажбата на куќата во Марбела, пишува британски „Сан“, а пренесува „Јутарњи лист“.
Шпанските власти предупредија дека имаат намера да ја известат Мишелин за обвинението за да може да се одржи судењето, а обвинителите истакнаа на „недостаток на соработка“ со властите на Бахамите.
На Конери, кој со Мишелин беше во брак 45 години, во 2014 година му беше кажано дека нема да мора да му се суди заради продажбата на нивниот дом во 1999 година. Имено, нивната куќа е срушена и со измама изградени се дури 70 станови, и покрај урбанистичките правила кои велат дека можат да се изградат само пет од нив.
Адвокатите на актерот, градоначалникот на Марбела и шестмина советници завршија во притвор поради измамата. Судијата заклучи дека треба да ѝ се суди и на Мишелин, родена во Франција, и дека ѝ се заканува затворска казна, како и голема парична казна доколку биде прогласена за виновна за даночна измама.
Вдовицата на Шон Конери обвинувањата ги нарече „глупост“.