НА ВАТИКАН НЕМА ДА МУ СЕ СУДИ ЗА МАЛТРЕТИРАЊЕ ДЕЦА Свештениците уживаат суверен имунитет

Ватикан ужива посебен имунитет и не одговара пред судовите во Белгија, ниту пред Европскиот суд.

782

Се чини дека никој не може да ја осуди Светата столица за злоупотребата, малтретирањето и силувањето на малолетни деца. Европскиот суд за човекови права денеска одлучи дека Ватикан ужива суверен имунитет како посебна држава и ја отфрли тужбата иницирана од 24 лица во Белгија, јавува МИА.

Според судот, на Ватикан не можат да му се припишат кривичните дела на поедини свештеници или нивни претпоставени. Со ова беше потврдена претходната пресуда на суд во Белгија во кој луѓето првично се жалеле, а кога сфатиле дека не можат да добијат, се обратиле до други повисоки судови.

Поврзани содржини