НА УШТЕ 3 ФИРМИ ЌЕ ИМ СЕ ОДЗЕМЕ ЛИЦЕНЦАТА ЗА КАНАБИС Се анализира состојбата во четврта фирма

693

По одземањето на лиценците за одгледување марихуана на шест компании, во наредниот период ќе им бидат одземени на уште три фирми, а четвртата се анализира, откри денеска министерот за здравството, Азир Алиу кој одговараше на прашање до каде се анализите и инспекциите во ваквите компании.

– Досега 23 компании се процесуирани, досега три се сигурни дека ќе се одземат лиценците. Четвртата се анализира – изјави Алиу.






Претходно на 24 февруари, министерот Алиу на прес-конференција информираше дека на шест компании се одземени лиценците, а од кои четири фирми се дел од скандалот со шверцот на марихуана.

– Недостатоци има од различни аспекти – од административна гледна точка, од инфраструктурна гледна точка, од технолошка гледна точка, од човечки капацитети. Во некои од нив, внатрешната инфраструктура за следење, камерите не работат. Во дел од нив нема човечки капацитети, а во дел нема обезбедување. Засилените вонредни контроли ќе се извршат кај сите правни субјекти, односно, вкупно ќе бидат опфатени 43 правни лица – изјави на 24 февруари Алиу.

Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција има отворено истрага за шест лица поврзани со петте тони марихуана, кои беа пронајдени во Коњух, а излегле од Македонија преку граничниот премин „Табановце“. Првоосомничен е ко-сопственикот на скопската фирма „Алфафарм“.

Поврзани содржини