На улична забава се собрале 800 луѓе, па ја нападнале полицијата со камења и цигли (ВИДЕО)

Сè започнало кога се собрала голем толпа луѓе и не почитувајќи ја дистанцата и обврската да носат заштитни маски, започнаа да палат огномет.

788

Во близина на Универзитетот во Колорадо, во Болдер, околу 800 луѓе се собраа на улична забава, кои се судрија со „SWAT“ тимовите кои дојдоа да интервенираат поради кршење на епидемиолошките мерки.

Полицијата била нападната со камења и цигли, а тројца припадници на безбедносните сили биле повредени.






Сè започнало кога се собрала голем толпа луѓе и не почитувајќи ја дистанцата и обврската да носат заштитни маски, започнаа да палат огномет. Ова однесување го пријавиле голем број незадоволни граѓани, па полицијата излегла на лице место за да ја растера толпата. Тие им се заканија на насобраните со солзавец доколку не се разотидат.

Оштетени се неколку полициски возила, а по немирите еден патнички автомобил завршил на покривот.

Претставници на универзитетот рекоа дека секој студент за кој ќе се открие дека нападнал полицајци ќе биде избркан.

Поврзани содржини