НА УКРАИНА Ѝ СНЕМУВААТ ВОЈНИЦИ И ЌЕ БИДЕ ПОДЕЛЕНА? Поранешен советник на Пентагон има мрачно предупредување
Мек Грегор смета и дека поразот на Киев во конфликтот со Москва ќе стане основа за дискусија за поделбата на републиката меѓу Русија, Белорусија, Полска и Унгарија. Тој го искажа ова гледиште во напис за американскиот магазин „Конзерватив“.
Украина ризикува да остане без војници и пред почетокот на целосната руска офанзива, напиша на социјалната мрежа Икс, поранешниот советник на Пентагон, пензионираниот полковник Даглас Мек Грегор, пренесе РИА Новости.
„На Украина веќе ѝ снемува војници… Руската офанзива сè уште не е ни започната“, истакна тој велејќи дека украинската армија секојдневно губи стотици луѓе.
Мек Грегор смета и дека поразот на Киев во конфликтот со Москва ќе стане основа за дискусија за поделбата на републиката меѓу Русија, Белорусија, Полска и Унгарија. Тој го искажа ова гледиште во напис за американскиот магазин „Конзерватив“.
Ukraine is running out of soldiers at this point.
Reports indicate they are losing 500-800 / day and the “Russian offensive” has note even begun.
The place is nearing collapse.
— Douglas Macgregor (@DougAMacgregor) April 29, 2024
Официјални лица за „Вашингтон пост“ неодамна изјавија дека бројот и зачестеноста на украинските војници кои се обучуваат во американските бази во Западна Европа се намалиле на речиси нула во последниве месеци, што укажува на тоа дека Киев е без луѓе.
Американските инструктори почнаа да ги обучуваат украинските војници во април 2022 година, а вежбите се одржаа на полигонот Графенвер во Германија. Околу 3.100 украински војници поминале низ американска обука до крајот на 2022 година. Програмата, во пресрет на катастрофалната летна контраофанзива на Киев, беше проширена во јануари 2023 година на обука на 12 бригади.
Покрај овие 12 бригади, три бригади беа обучувани од други европски земји, додека американските инструктори учеа комбинирана тактика на тенковски баталјон и два баталјони на Националната гарда.
Сепак, последната бригада обучена од Германија го напушти Графенвоер, најголемата американска команда за обука во странство, во јануари или февруари, изјавија анонимни официјални лица за Вашингтон пост.
Иако претседателот Володимир Зеленски во февруари изјави дека Украина изгубила 31.000 војници од почетокот на војната, западните медиуми и официјални лица наведуваат дека оваа бројка е грубо потценување, додека Москва ги проценува украинските загуби на речиси половина милион.
Во декември Зеленски објави дека армијата побарала од него да мобилизира дополнителни 500.000 војници, а потоа започна силна кампања за мобилизирање на Украинците – старосната граница беше намалена, а казните беа заострени.