НА УДАР НА КРИТИКИ Кортни Кардашијан објасни зошто со Тревис „безобразно“ се бакнуваат во јавност (ВИДЕО)

Кортни и Тревис се познати по бакнувањето со јазици во јавност, но овој пат Кортни објасни зошто го прават тоа на тој начин.

219

Ријалити ѕвездата Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг, тапанарот Тревис Баркер повторно се најдоа на удар на критиките по минатонеделната епизода на Кардашијан на Хулу, и тоа поради бакнувањето пред катедралата во Милано, Италија.

Кортни и Тревис се познати по бакнувањето со јазици во јавност, но овој пат Кортни објасни зошто го прават тоа на тој начин. Кардашијан и Баркер застанале пред катедралата, опкружени со возрасни и мали деца, а потоа почнале да се бакнуваат и така позирале за неколку фотографи.






А Кортни тврди дека таа и Тревис се бакнуваат толку многу за да не ѝ се уништи карминот на усните.

– Не сакам да си го уништам карминот и не сакам да оставам траги од кармин на Тревис. А ние многу сакаме да се бакнуваме. Затоа, се бакнуваме само со јазик – објаснила Кортни.

Кортни и Тревис во минатото често беа критикувани на социјалните мрежи токму поради начинот на кој јавно се бакнуваат.

Минатата година предизвикаа многу негативни реакции кога го демонстрираа своето бакнување во Дизниленд и го објавија видеото на Инстаграм. Луѓето на социјалните мрежи брзо го означија видеото како „срамно“ и „непочитувачко“, при што Тревис накратко им кажа на критичарите дека се „кутри“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by travisbarker (@travisbarker)

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини