НАЈУБАВИОТ РОДЕНДЕНСКИ ПОДАРОК Градоначалникот на Бутел доби ќерка
Дарко Костовски се пофали дека денеска, токму на неговиот роденден, по трет пат станал татко.
Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски, преку својот Фејсбук профил соопшти убава вест.
Тој се пофали дека денеска, токму на неговиот роденден, по трет пат станал татко.
„На мојот 36ти роденден добив ќерка, по трет пат станав татко. Се поклонувам на мама Тамара, лавица! Голема благодарност до целиот медицински тим на чело со д-р Весна Чибишева. Слава на св. Петка. Слава на ГОСПОД“, напиша Костовски на Фејсбук.