НАЈУБАВАТА ЖЕНА ВО ИСТОРИЈАТА НА ФИЛМОТ ЈА ПОНИЖИ КИМ КАРДАШИЈАН Ова боли повеќе од шлаканица (ФОТО)
Познатата дива, која пред неколку години беше прогласена за најубава жена на филмското платно од страна на престижниот магазин „LA Times“ во филмот „Кралицата Марго“, проговорила за Ким Кардашијан.
Изабел Аџани, легендата на францускиот филм и една од најубавите жени на своето време, ретко се појавува во јавноста, но со години не го пропушта Филмскиот фестивал во Кан, па оваа година прошета на црвениот тепих во овој монденски град.
View this post on Instagram
Таа пред неколку дена пристигна на премиерата на филмот „Forever Young“ во елегантно издание, покажувајќи дека и на 66-годишна возраст плени со посебна харизма и сексапил.
Имено, познатата дива, која пред неколку години беше прогласена за најубава жена на филмското платно од страна на престижниот магазин „LA Times“ во филмот „Кралицата Марго“, проговорила за Ким Кардашијан и современата култура којашто оваа ријалити-ѕвезда ја претставува.
View this post on Instagram
– Ако Ким Кардашијан е икона, тогаш јас сум англиската кралица“, саркастично рече Аџани.
„Ако Ким Кардашијан е икона, би сакала да бидам подобар социолог и семиолог за да ги испитам овие феномени на влијателните луѓе и инфлуенсерите, како и целата нарцисоидна филозофија на социјалните мрежи, кои постојано се фокусирани на бројот на следбеници… Ако Ким Кардашијан е икона, парите навистина станаа Бог“, додала Аџани за „Фигаро“.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм