Оливија Кулпо, некогашна Мис Универзум, и тоа како знае да ја вжешти атмосферата на социјалните мрежи.
Таа редовно споделува провокативни фотографии, но никогаш не ја преминува границата на добриот вкус – таа е вистински уметник во пронаоѓање баланс помеѓу еротиката и уметноста.
Така Оливија неодамна позирала во бела туника со кафеав ремен околу половината и чанта со иста нијанса, а на сето тоа додала и темнокафеави влечки.
Но, интересно е тоа што оваа креација од страните имала големи шлицови, коишто откривале многу повеќе отколку што сокривале, па нејзините следбеници се запрашале „дали таа воопшто носи долна облека“.
Дури и самата манекенка се пошегувала на своја сметка, па додала во коментарот на фотографијата во ова провокативно издание: „Ги барам своите панталони“.
Оливија за својата фотографија собрала повеќе од 100.000 лајкови, но и духовити коментари:
„Совршена си“, „Убава си, што ќе ти се панталони“, „Божица“, „Го одземаш здивот“, „Погледнете ги само овие нозе“, „Се надевам дека ќе ги пронајдеш“, „Бараш панталони или пак гаќи?“, се само некои од нив.
Оливија Кулпо ја краси насловната страница на престижното списание „Шејп“.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
FOTO: Instagram