Кога ќе заврши годишниот одмор, остануваат убави спомени, сеќавања и помислата „да траеше уште малку“.
Ова чувство очигледно ја следи и манекенката и актерка Оливија Кулпо, која на почетокот на август престојувала во Грција и иако се вратила на своите деловни обврски и секојдневието, на Инстаграм споделила уште фотографии од одморот.
View this post on Instagram
„Необјавено од Грција… со некои луѓе коишто навистина ги сакам (последната снимка ми е омилена)“, напишала убавата Оливија во описот.
Фотографиите покажуваат дека одлично се забавувала со пријателите и семејството, а меѓу фотографиите се нашле и оние каде е топлес, како и во бело бикини.
View this post on Instagram
Кога ќе ги погледнете фотографиите, ќе разберете зошто велат дека таа е најубавата жена на светот.
Инаку, Оливија Кулпо беше прогласена за Мис на Америка и Мис Универзум во 2012 година.
ФОТО: Инстаграм