НАЈУБАВАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ ГИ ЗАСЕНИ СИТЕ Се појави само со кожени трегери преку градите (ФОТО)
Нејзиниот сензуален изглед, волшебната фигура и харизмата ѝ обезбедија огромен успех во светот на манекенството.
Рускиот топ-модел Ирина Шајк во средата вечер присуствуваше на премиерата на филмот „Nightmare Alley“ во Њујорк и како и обично беше во центарот на вниманието.
View this post on Instagram
Уште поинтересно е дека во овој филм главна улога игра нејзиниот поранешен партнер Бредли Купер, со кого деновиве е неразделна, поради што се шпекулира дека манекенката и актерот повторно се во љубовна врска.
Ирина многумина ја сметаат за една од најубавите жени на светот, со години владее со модните писти, а заштитно лице е на многу луксузни брендови.
Нејзиниот сензуален изглед, волшебната фигура и харизмата ѝ обезбедија огромен успех во светот на манекенството и нејзиниот изглед никого не остава рамнодушен.
View this post on Instagram
Убавата Ирина не направи исклучок ниту на премиерата на „Nightmare Alley“, каде доминираше на црвениот тепих во атрактивна комбинација на црни панталони и блејзер. Таа го откри своето деколте, а под блејзерот беше сосема гола, освен што ги покрила градите со кожени трегери.
На црвениот тепих пристигна со својата најдобра пријателка, супермоделот Стела Максвел, а Ирина со нејзиното доаѓање го поддржа својот поранешен партнер Бредли Купер, кој глуми во овој филм.
View this post on Instagram
Интересно, странските медиуми веќе некое време пишуваат дека Ирина и Бредли се помириле и многумина нејзиниот гест го оценија како потврда.
View this post on Instagram
ФОТО: Инстаграм