НАЈУБАВАТА ЗЕМЈА НА СВЕТОТ ПЛАЌА ДА СЕ ПРЕСЕЛИТЕ НЕЈЗИНИТЕ ОСТРОВИ Добивате пари за да реновирате куќа

Целта на програмата е да се обезбеди опстанок на „живи и одржливи заедници“ на островите. Исто така, програмата има културна и економска функција – придонесува за зачувување на културното наследство, разновидноста на локалните економии, како и за подобрување на инфраструктурата и на домувањето во тој дел на земјата.

226

Ирските власти кон крајот на јуни го обновија програмот „Нашите живи острови“ (Our Living Islands). Оваа иницијатива, започната во 2023 година, е предвидена да трае до 2033 година и има за цел да се бори против депопулацијата преку мерки како што се финансиски поттикнувања за лица што ќе се преселат на еден од 30-те слабо населени острови во земјата.

Не е неопходно кандидатот да биде ирски државјанин за да аплицира за поттикнувањето. Сепак, заинтересираните мора да имаат право на престој во земјата, согласно постојните визни правила.






Меѓу достапните острови се наоѓаат Аран, Клер, Дарси, Иништурк, Инишбофин и Бер, меѓу другите. Вкупно, 23-те острови, опфатени со програмата, имале заедничка популација од само 2.734 жители, според податоците од 2016 година. Овие места се познати по своите прекрасни и рустични крајбрежја, а некои од нив послужиле и како локации за снимање на филмот Духовите на островот (The Banshees of Inisherin), кој беше номиниран за Оскар.

Целта на програмата е да се обезбеди опстанок на „живи и одржливи заедници“ на островите. Исто така, програмата има културна и економска функција – придонесува за зачувување на културното наследство, разновидноста на локалните економии, како и за подобрување на инфраструктурата и на домувањето во тој дел на земјата.

Како функционира?

Финансиските поттикнувања се наменети за реновирање куќи што ќе се купат на островите. Како и кај програмите „куќи за 1 евро“ во Италија и во Франција, куќите на оддалечените ирски острови се во лоша состојба и бараат обнова.

Како дел од проектот, ирската влада ќе исплаќа над 80.000 евра на новите жители на овие островски заедници, објави Јуроњуз.

Великодушните парични грантови се нудат како начин за спасување и обновување на сè поголемиот број напуштени и запуштени недвижности на островите. Поради тоа, постојат неколку услови за добивање на овие пари.

Идните жители треба да купат и да поседуваат недвижност на еден од островите. Објектот мора да биде изграден пред 1993 година и да биде празен најмалку 2 години.

Постојат и правила за тоа како може да се искористат парите откако ќе бидат одобрени. Средствата може да се употребат за градежни зафати како поставување изолација, структурни подобрувања и реновирање.

Ако ги поминете сите овие чекори, би можеле да добиете до 84.000 евра за да спасите една куќа од распаѓање и да ја претворите во дом од соништата.

Секој бонус мора да биде вложен во станбени недвижности – не важи за викендички или за сезонски куќи. Купувачите на недвижности на островите мора да се обврзат дека ќе живеат во нив како во своето главно живеалиште или дека ќе ги стават на располагање за долгорочен наем во соработка со локалните власти…

За потсетување, тимот на порталот DiscoverCars.com спроведе истражување за да ги открие најубавите дестинации низ светот. Според тоа истражување, првото место го зазеде Ирска, со просечна оцена од 9,52 од 10 од страна на меѓународните посетители.

Поврзани содржини