НАЈУБАВАТА СРПСКА ВОДИТЕЛКА СЕ МАЖИ ПО ВТОРПАТ Марија Килибарда наскоро ќе каже „да“ (ФОТО)

2,312

Врската помеѓу убавата српска водителка Марија Килибарда и Бранислав Вучелиќ станува сѐ посериозна. Водителката добро ги запознала членовите на семејството, а нејзината свекрва има особено убаво мислење за идната снаа.

– Јас би сакала моите деца да одговорат на тие прашања, доколку би одговорила Марија, тоа би било одлично. Единствено што можам да кажам е дека тоа беше роденденот на мојот втор внук Иво и дека таа фотографија беше направена тогаш. Бевме на роденденот кај ќерка ми Ана и зетот Веjко. Имаат два сина – рече Љиљана Драгутиновиќ.






Идните сопружници ретко се појавуваат заедно во јавноста, а Марија дури неодамна ја објавила на инстаграм-стори нивната прва заедничка фотографија.

А сега, судејќи по сѐ, водителката е подготвена за следниот чекор во врската.

Марија неодамна ја потврди врската со Бранислав, но таа и понатаму се труди деталите од нивната врска да излезат во јавноста.

Меѓутоа, иако не зборува често за својата врска, таа неодамна покажа дека има прекрасен однос со мајката и сестрата на Бане, па многумина почнаа да шушкаат дека нивната врска е подготвена за следниот чекор.

Имено, тие закажале свадба на 30 октомври оваа година во еден луксузен хотел во Белград.

ФОТО: Инстаграм

 

Поврзани содржини