НАЈТРОФЕЈНИОТ МАКЕДОНСКИ КЛУБ ПРЕД КОЛАПС? Осум месеци без плата, играчите најавија бојкот на натпреварите

Играчите и стручниот штаб на КК Работнички тврдат дека осум месеци не примиле плата и дека без итна исплата нема да ги играат следните натпревари. Свеченото отворање на реновираната сала мина без нивно присуство, што дополнително го зголеми револтот во клубот.

1

Најтрофејниот македонски клуб се соочува со финансиски колапс. Играчите и стручниот штаб јавно објавија дека не примиле плата осум месеци. Кошаркарите тврдат дека состојбата е алармантна. Велат дека ветувањата не се исполнети, а спортскиот директор не одговарал на повиците.

„Ова не е само финансиски проблем, ова е системско непочитување. На патувања сме оставени сами на себе, често навивачите ни ги покриваат трошоците за превоз. Срамно е клуб со ваква историја да функционира без основна логистика и опрема“, стои во соопштението.






Општината ја отвори реновираната сала „Градски парк“, која ќе го носи името на легендата Лазар Лечиќ. Но, ниту еден играч или член на стручниот штаб не бил поканет на настанот. Кошаркарите тоа го доживеале како понижување.

Фото: Принтскрин

Тимот постави јасен рок. Доколку не се исплатат заостанатите средства, најавија дека нема да настапат на следните натпревари.

„Ние не бараме привилегии, бараме основни услови за работа и почит. Секое понатамошно игнорирање ќе значи директно уништување на спортскиот интегритет на клубот“, порачаа играчите и тренерите.

Во петок салата треба да биде домаќин на репрезентацијата на Македонија против Луксембург. Но, прашањето останува што ќе се случи со Работнички викендов.

Поврзани содржини