На Трамп му пратиле пакет со отров

265

Си-ен-ен јавува дека пакет во кој имало отровен рицин му бил пратен на американскиот претседател Доналд Трамп.

Биле направени два теста за да се потврди присуството на рицин.






Пликот за кој се верува дека е пратен од Канада, пресретнат е во пладиниот поштенски центар, пред да стигне во Белата куќа, јави Њујорк тајмс, Си-ен-ен и Вол стрит џурнал.

Рицинот е високо токсично соединение екстрахирано од семето на рицинус кој се користи во терористички заговори. Може да се користи во облик на прав, пелети, чад или киселина.

Ако се проголта предизвикува мачнина, повраќање и внатрешно крварење на желудникот и цревата, следено со откажување на црниот дроб, слезината и бубрезите и смрт како последица од нарушување на системот на циркулација. Не постои познат противотров.

Белата куќа и тајната служба одбија да го коментираат случајот.

Во минатото забележани се многу инциденти кои вклучуваат пликови со рицин пратени до американски функционери.

Најмалку четворица се осудени за праќање писма со рицин до Доналд Трамп, Барак Обама, Мајкл Блумберг, сенатори, судии и други функционери.

Поврзани содржини