НАЈТОПЛИ ЖЕЛБИ ЗА ЗДРАВЈЕ, МИР И БЛАГОСОСТОЈБА Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан бајрам

По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, Рамазан бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши.

1

Претседателот на Собранието Африм Гаши, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед со желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба.

„Почитувани граѓани од исламска вероисповед, дозволете ми по повод големиот празник Рамазан Бајрам, од мое лично име и од име на Собраниет, да Ви упатам искрени честитки и најтопли желби за добро здравје, мир, радост и благосостојба“, се вели во честитката од Гаши.






По деновите на пост, молитва, солидарност и духовна посветеност, Рамазан бајрам нè потсетува на трајните вредности на хуманоста, меѓусебната почит, разбирањето и помагањето.

„Овој голем празник носи порака за љубов, милосрдие и заедништво, вредности кои се од особено значење за градењето хармонично, праведно и достоинствено општество. Нека бајрамските денови Ви донесат спокој во домовите, радост во семејствата и надеж во срцата. Во духот на празникот, да продолжиме заеднички да негуваме соживот, толеранција и почитување, како темели на нашата заедничка иднина. Честит Рамазан Бајрам“, порача претседателот на Собранието, Африм Гаши.

Поврзани содржини