Најтетовираната Британка остана без слободно место на телото, па го нацрта и челото (ФОТО)
Нејзина омилена, како што вели, е тетоважа со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело, пренесува „The Lad Bible“.
Жената која го носи епитетот најтетовирана личност во Велика Британија започна да го тетовира лицето откако остана без простор на телото на кој може да се нацрта нешто со мастило.
Беки Холт (33) го покри целото тело со тетоважи, а само дланките и стапалата ѝ останаа празни.
Таа вели дека станала зависна од тетоважи во раните 2000-ти кога имала 15 години.
View this post on Instagram
Се проценува дека нејзините тетоважи вредат околу 35 000 фунти, иако таа вели дека некои ги добила бесплатно.
Нејзина омилена, како што вели, е тетоважа со стихови од Дејвид Боуви на нејзиното чело, пренесува „The Lad Bible“.
– Снемав простор и сакав повеќе – изјави таа во гостување на телевизија, запрашана зошто почнала да се тетовира на лицето.
Таа рече дека претходно рекла дека никогаш нема да ги истетовира рацете, вратот или лицето, но кога остана без место за тетоважа, се премислила.
View this post on Instagram