Најтетовираната Британка ја осудуваат: 95 отсто од телото покрила со тетоважи ФОТО

2,207

Беки Холт (33) од Чешир, Британија покрила 95 отсто од своето тело со тетоважи. Британката потрошила неверојатни 35.000 фунти за да го истетовира телото и делумно лицето, а одела дотаму далеку што ги покрила и пазувите и интимните делови со тетоважи.

Беки, лани во декември, станала мајка, ја родила ќерката Аурора, а оваа недела ги откри најлошите реакции на луѓето со кои се соочила на Инстаграм.






Таа открила дека ја нарекле „дебела, глупава, ментално болна и одвратна, како и лоша мајка која не може да биде добар пример за дете, бидејќи копнее за внимание“.

„Некој ми рече дека ќерка ми ќе се плаши од мене, дека сум си ги уништила телото и лицето“. Ми велат дека изгледам како да имам 60 години, дека моите тетоважи се одвратни и дека ќе зажалам за 10 години затоа што ќерка ми ќе се срами од мене.

 

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини