НА ТЕЛОТО МУ ТРЕБААТ НАЈМАЛКУ ДВА ИЛИ ТРИ ОБРОЦИ ДНЕВНО Прескокнувањето на појадокот го зголемува ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести
Прескокнувањето на еден од трите стандардни дневни оброци може да има сериозни здравствени последици, покажува новото американско истражување. Студијата во која учествувале 24.011 Американци постари од 40 години покажала дека јадењето само еден оброк дневно е генерално поврзано со поголема смртност, пишува Science Alert.
Основните препораки за правилна и здрава исхрана се да се јаде разновидна исхрана богата со овошје и зеленчук, храна од растително потекло, да се подготвува лесна храна со малку маснотии претежно готвена храна или сирова храна, како разни салати со маслиново масло и зачински билки, да се готват лесни супи од зеленчук, да се пијат многу течности, по можност вода и да се користат медитерански билки и маслиново масло.
Важно е да не се прескокнуваат оброците, да се јаде во почести и помали оброци, бидејќи редовните оброци го обезбедуваат организмот со хранливи материи, го намалуваат чувството на глад и исцрпеност.
Повеќе за ова на порталот „Арт кујна“.