НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА НА СВЕТОТ СЕ ПОЈАВИ ВО ЈАВНОСТ ПО ДОЛГО ВРЕМЕ Сите го забележале празниот и замислен поглед (ФОТО)
На еден од највеселите настани во Монако, наречен „Монако пикник“, принцезата се појавила во друштво на својот 20 години постар сопруг и нивните близнаци.
Принцезата Шарлин по подолго време се појави во јавноста со сопругот, принцот Алберт од Монако и нивните две деца. Нејзиниот тажен и замислен израз на лицето повторно загрижи многумина.
На еден од највеселите настани во Монако, наречен „Монако пикник“, принцезата се појавила во друштво на својот 20 години постар сопруг и нивните близнаци.
View this post on Instagram
Шарлин за оваа пригода одбрала впечатлива бела туника со тантела и висок околувратник во комбинација со панталони, дело на јужноафриканскиот дизајнер Теренс Бреј.
Меѓутоа, иако принцзета се трудела да биде насмеана додека нешто ѝ објаснувала на седумгодишната ќерка Габриела, камерите ја фатиле како празно гледала во една точка, што повторно ги поттикна шпекулациите за брачните проблеми со принцот Алберт.
View this post on Instagram
Оваа била пригода и близнаците на светот да му ги покажат своите нови фризури, за кои е заслужна самата принцеза Габриела, која во пресрет на почетокот на училиштето сама го потстрижала својот брат и себеси.
View this post on Instagram
Нивната фотографија со новите фризури, претходно принцезата Шарлин ги објави на својот профил на Инстаграм.
ФОТО: Инстаграм