„НАЈТАЖНАТА ПРИНЦЕЗА НА СВЕТОТ“ КОНЕЧНО СЕ ВРАТИ ДОМА Принцот Алберт ја пречека со раширени раце (ФОТО)

Принцезата е снимена како излегува од приватниот авион на принцот Алберт во Ница, облечена во црно и со црна маска на лицето.

3,433

„Најтажната принцеза на светот“, како што ја нарекуваат принцезата Шарлин од Монако, слетала на аеродромот во јужна Франција во понеделникот рано наутро по ноќниот лет од Дурбан во Јужна Африка, дознава магазинот „Пипл“.

Принцезата е снимена како излегува од приватниот авион на принцот Алберт во Ница, облечена во црно и со црна маска на лицето.






На аеродромот со голем букет цвеќе била пречекана од сопругот и нивните две деца, шестгодишните близнаци принцот Жак и принцезата Габриела, а потоа со хеликоптер се упатиле за Монако, пренесува францускиот портал „Nice-Matin“.

Да потсетиме, принцезата Шарлин беше во Јужна Африка повеќе од шест месеци, а тоа поттикна гласини за брачни проблеми меѓу неа и принцот Алберт.

Своето отсуство од кнежеството Шарлин го оправдуваше со лекарските препораки да лета со авион, за да не ѝ ја влоши инфекцијата на синусите, која настанала по поставувањето на забен имплант.

Двојката постојано ги демантираше медиумските написи за брачните проблеми, а принцот Алберт тврди и дека заедно ќе патуваат на Светската изложба во Дубаи на 13 ноември.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Royals Families (@royals_.family2)

ФОТО: Инстаграм/EPA

Поврзани содржини