НА ТАРАВАРИ НЕ МУ Е МЕСТОТО ВО ВЛАДАТА, АКО СОРАБОТУВА СО ДУИ Меџити најави дека коалицијата Вреди станува партија

Меџити не гледа причина со локалните да се одржат заедно и предвремени парламентарни избори, оти вели, парламентарно мнозинство е стабилно, има 78 пратеници засега, а има комуникација и можност тоа да биде над 80 пратеници.

174

Вицепремиерот и претседател на Демократското движење Изет Меџити уверува дека и покрај превирањата во Вреди, Коалицијата не се распаѓа туку е уште посилна и појака, бидејќи 107.000 гласови освоени на последните парламентарни избори, беа гласови за промена и надеж и ние остануваме на тој пат.

-Ние сите се сплотивме околу идејата да донесеме промена, плурализам, демократија во албанскиот кампус, борба против корупција. Сите уште стоиме на тоа освен г-динот Таравари, кој од индивидуални и партиски причини излезе на површина дека подолг период неколку месеци, има состаноци и соработува со ДУИ. Нашиот став е дека не може да биде дел од Вреди и да соработува со ДУИ – изјави Меџити во гостување на ТВ Сител






Тој оцени дека доколку Таравари се решил за соработка со ДУИ, тоа треба и јавно да го обзнани, и етички е, вели, да ја напушти Владата.

– Сметам дека не му е местото во Владата, бидејќи штом сака соработка со ова ДУИ, тоа се коси со политиките и принципите на формирање на оваа Влада, а тоа е борба против корупција, враќање на правната држава и други начела – рече Меџити потврдувајќи дека ова прашање ќе го постави и во Владата.

Меџити потврди дека лидерите од коалицијата вчера имале средба во Струга на која било договорено новиот политички субјект да има Централно претседателство со 23 члена, Централно собрание, заеднички Централен штаб и локални штабови, заеднички медиумски центар. Во овој процес кој ќе се одвива во наредните 10 дена.

Во однос на тоа кој би бил претседател на партијата, тој кажа дека тоа најверојатно би можел да биде еден од тројцата лидери во коалицијата, но не исклучи можност и за нова личност.

-Идејата ни е да станеме нов политички субјект кој ќе биде поголемиот во албанскиот политички кампус, и во албанскиот кампус да има две опции – Вреди и Европски фронт или Вреди и ДУИ, кои носат плурализам и демократија, борба на платформи и идеи, проекти – потенцира Меџити.

Тој не гледа причина со локалните да се одржат заедно и предвремени парламентарни избори, оти вели, парламентарно мнозинство е стабилно, има 78 пратеници засега, а има комуникација и можност тоа да биде над 80 пратеници.

Очекува и на локалните Вреди да биде апсолутен победник и по број на градоначалници и советници на советничките листи, бидејќи вели, ќе понудат соработка и партнерство со невладиниот сектор и со најквалитетните Албанци, некаде ќе поддржат и независни кандидати ако се такви проценките, а ги потенцира и вложувањата на власта во проекти во локалните самоуправи.

-Оваа Влада издвојува некаде околу милијарда евра за капитални проекти во општините, а добиваат сите граѓани. Средствата се распределуваат според бројот на населението, а не според етничката припадност на граѓаните, добиваат и општините  од ДУИ, значи битни ни се граѓаните – рече Меџити.

Централното претседателство на Алијансата за Албанците, предводено од Арбен Таравари, деновиве одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници.

 

Поврзани содржини