НА ТАБАНОВЦЕ ЗАСТОЈ ОД 30 МИНУТИ На останатите премини нема подолги задржувања
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.
На граничниот премин Табановце утринава има зголемена фреквенција на возила и времето на чекање за влез во земјава е околу 30 минути.
Авто мото сојузот на Македонија соопшти дека на останатите гранични премини од македонска страна нема поголеми задржувања за влез и излез од државата.
Сообраќајот на патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.