НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА ЕДЕН ЧАС Од АМСМ предупредуваат дека коловозите се влажни

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од АМСМ.

26

Поради зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез од државата е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини