НА ТАБАНОВЦЕ СЕ ЧЕКА 45 МИНУТИ Сообраќајот се одвива по влажни коловози
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен, соопшти АМСМ.
Поради зголемена фреквенција на возила на Граничниот премин Табановце, времето на чекање за влез и излез од државата е околу 45 минути.
На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира Автомотосојузот.
АМСМ соопшти дека попладнево сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.