На Табановце и на Богородица се чека по еден час

111

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини, од македонска страна, за излез на ГП Табановце време на чекање е еден час, за излез на ГП Ќафасан време на чекање 30 минути, а на ГП Богородица време на чекање е околу еден час. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Како што соопшти АМСМ, сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.






Регионалниот патен правец кој води преку Националниот парк Галичица ќе биде затворен за секаков сообраќај секој ден на делницата од Баба до Царина – (преспанска страна) од 08 до 17 часот, поради изведување градежни работи на пат – (реконструкција на коловозната конструкција). После 17 часот патниот правец ќе биде отворен за сообраќај и на оваа делница, при што истиот ќе биде обезбеден со лица од страна на изведувачот на работите и соодветна сообраќајна сигнализација. Од Охрид до Баба регионалниот патен правец ќе биде отворен за сообраќај во двете насоки.

Поврзани содржини