НА ТАБАНОВЦЕ И ДЕНЕСКА ТУРКАНИЦИ За влез се чека 40 минути

За излез од земјава нА граничниот премин Богородица се чека од 15 до 30 минути.

136

На граничниот премин Табановце времето на чекање за влез во државата е околу 40 минути, а на граничниот премин Богородица за излез се чека околу 15 до 30 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информира АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.






АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани содржини