НА ТАЈСОН МУ СЕ СЛОШИЛО ВО АВИОН Лекарски тим го чекал уште на пистата

При слетувањето лекарски тим му пружил неопходна помош на 57-годишниот поранешен шампион.

661

Легендарниот боксер Мајк Тајсон доживеал здравствен проблем за време на летот од Мајами до Лос Анџелес, потврдија неговите претставници.

За време на летот, на Тајсон му се слошило и му се вртело поради влошување на чирот, што предизвикало загриженост кај персоналот и патниците.






При слетувањето лекарски тим му пружил неопходна помош на 57-годишниот поранешен шампион.

Претставниците ги отфрлија наводите дека здравствениот проблем бил предизвикан од доцнење на летот, објаснувајќи дека доцнењето било поради проблем со клима уредот во авионот.

Тајсон сега се чувствува добро и му е благодарен на медицинскиот персонал за брзата реакција, по итната интервенција која била извршена.

Да потсетиме, легендарниот боксер ќе се бори со јутјуберот Џејк Пол на 20 јули.

Поврзани содржини