НА ТАЈМАУТ И ДОЗА ВИТАМИНИ ВО НАЈМАЛИОТ ДУЌАН ВО ЧАРШИЈА Мал простор, голема љубов

Во веројатно најмалиот дуќан во скопската чаршија, 26-годишниот Јасин нуди секогаш свежи цедени сокови, чии комбинации можете да си ги изберете и сами, но најпознат е по своето кафе во кокос

1,353

Јасин Ахмет е 26-годишно момче кое, како што раскажува, имало една цел, а тоa е да заработи доволно за да почне свој мал бизнис. Никогаш не планирал да студира, туку веднаш по завршувањето на средното училиште и тримесечниот воен рок, почнал да работи по скопските кафулиња, а сѐ што заработувал ставал настрана, за конечно, пред една година, во екот на пандемијата на ковид-19, да го отвори своето малечко местенце за сокови и кафе – Мола.

„Името Мола на турски значи пауза. Го нареков така по обичајот на Турците во текот на работниот ден да си земат мал тајмаут за да се напијат кафе или чај и да одморат душа. Токму тоа беше и идејата, луѓето да дојдат, да си земат свежо цеден сок или кафе и да си продолжат.






Тука имам само две масички и 5 столчиња па нема можност да седнат повеќе луѓе. Тоа е малку проблем откако неочекувано, моево место стана популарно не само заради свежите сокови и кафето, туку како место на кое луѓето доаѓаат за да се фотографираат и да ја стават сликата на Инстаграм. Кога сите почнаа да се фотографираат и да ставаат фотографии како седат во Мола на Инстаграм, почнав и јас да ги објавувам нивните фотографии на Инстаграм страницата на Мола и тоа сега стана ептен популарно“, се смее Јасин.

Прочитајте го целиот текст на порталот „Арт кујна“.

Поврзани содржини