На светот му се заканува ново затворање

Времето за предупредувања и за попуштање на луѓето заврши. Ние сме во многу сериозна и смртоносна ситуација - рече премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрус.

1,078

Земјите ширум светот повторно воведуваат рестриктивни мерки и гранични контроли за да го спречат повторното ширење на ковид-19 пред инфекцијата да излезе од контрола.

Почнувајќи од среда, сите патници кои влегуваат во Грција на границата со Бугарија, треба да поседуваат потврда за негативен тест за коронавирус, кој е издаден во претходните 72 часа и преведен на англиски јазик. Новите правила, донесени по зголемувањето на бројот на случаи поврзани со пристигнувањето на туристи, веднаш доведоа до намалување на бројот на патници.






– Времето за предупредувања и за попуштање на луѓето заврши. Ние сме во многу сериозна и смртоносна ситуација – рече премиерот на државата Викторија, Даниел Ендрус.

Повеќе од 13 милиони луѓе во светот се заразени со коронавирусот, додека скоро 580.000 се починати, покажуваат податоците на универзитетот „Џон Хопкинс“. Се проценува дека бројот на пациенти е многу поголем од потврдениот од бројни причини, вклучително и ограниченото тестирање.

Ограничувањата стапија на сила во средата во Хонг Конг, каде јавните собири се ограничени на четири лица, на рестораните им е дозволено да доставуваат храна само по 18 часот, а спортски сали, барови и други бизниси се затворени за една недела. Во јавниот превоз, носењето маски за прв пат е задолжително, со казни за оние што ќе го прекршат новото правило.

По големиот пораст на новозаразените лица, почнувајќи од минатиот месец, Израел повторно воведе мерки за елиминирање на ковид-19 во минатата недела, затворајќи големи концертни сали, барови и клубови. Воведени се ограничувања во области со висока стапка на инфекција, што доведува до протести.

Официјалните лица предупредуваат дека ќе треба повторно да ја затворат целата земја, доколку во наредните денови не се намали бројот на пациенти.

– Не гледам какви други средства се достапни за нас освен ограничувања. Освен ако не се случи чудо – рече израелскиот министер за здравство Џули Еделштајн за израелските медиуми.

Во Јужна Африка, најразвиената африканска земја, веќе има видливи знаци на преоптоварување со пандемија – многу лош сигнал за остатокот од континентот.

Оваа недела беше воведена забрана за продажба на алкохол и полициски час во текот на вечерта со цел да се намали бројот на пациенти во просторијата за итни случаи, додека болниците се обидуваат да прифатат голем број на пациенти со коронавирус.

Во Шпанија, властите во Каталонија се обидуваат да ги потиснат новите фокуси на коронавирусот, а здравствените експерти предупредуваат дека е потребно подобро и поголемо набудување на контакти со заразените.

Од вторникот на полноќ, 160.000 жители на градот Леида и околните области можат да ги напуштат своите домови само со соодветно оправдување. Таа област е блокирана, а има полициски контролни пунктови пред сите општини. Баровите и рестораните се отворени само за нарачување или доставување храна.

Во Јапонија, гувернерот на Токио, Јурико Коике, во средата изјави дека ширењето на инфекцијата ескалираше на алармантни нивоа и ги предупреди жителите и деловните субјекти да ги почитуваат превентивните мерки.

Белорусија, во меѓувреме, најави отворање на границата со Русија и продолжување на сообраќајот меѓу двете земји „во наредните денови“.

Патниците кои пристигнуваат во Русија од среда мора да дадат потврда за резултатите од тестот за коронавирус на границата или да бидат тестирани во рок од три дена од пристигнувањето во земјата. Овие мерки ги заменија задолжителните двонеделен карантин за оние кои доаѓаат во Русија.

Поврзани содржини