На судијата Туфегџиќ му се одзеде гласот читајќи ги воведните зборови
Да се извинам на сите и да не ми замеруваат за мојата недоследност на почетокот на денешното судење кога поради маската за заштита од коронавирусот јас за момент го загубив гласот. Им се извинувам на сите, рече Туфегџиќ.
Судијата Владимир Туфегџиќ на крајот на денешното судење за предметот „Таргет-Тврдина“ им се извини на присутните и на јавноста поради проблемите што ги имаше со гласот во воведните зборови.
– Да се извинам на сите и да не ми замеруваат за мојата недоследност на почетокот на денешното судење кога поради маската за заштита од коронавирусот јас за момент го загубив гласот. Им се извинувам на сите – рече Туфегџиќ.
По почетокот на првата пауза на прашање од колегите што му се случило со гласот Туфегџиќ рече: Не знам што ми стана, ми се одзеде гласот.
Ова случајно беше снимено од микрофоните кои останаа вклучени за време на паузата.
Видливи беа и реакциите на обвинителите на неговото испрекинато излагање.