НА СУДЕЊЕТО ПОРАДИ ТВРДЕЊАТА ДЕКА БРИЖИТ МАКРОН Е МАЖ СВЕДОЧЕШЕ И ТИФАНИ ОЗИЕР Најмладата ќерка на првата дама е загрижена за здравјето на мајка си

Десет лица се појавија на суд во Париз под обвинение за сексистичко вознемирување на Брижит Макрон преку интернет. Истите луѓе ширеле гласини дека Брижит е родена како маж, а овие теории на заговор негативно влијаеле врз првата дама на Франција, за што посведочи и нејзината најмлада ќерка Тифани Озиер.

202

Десет лица се појавија на суд во Париз под обвинение за сексистичко вознемирување на Брижит Макрон преку интернет. Истите луѓе ширеле гласини дека Брижит е родена како маж, а овие теории на заговор негативно влијаеле врз првата дама на Франција.

Нејзината најмлада ќерка, Тифани Озиер, му рекла на судот дека Брижит морала да го промени својот изглед и дека нејзиното здравје се влошило поради гласините.

– Таа знае дека нејзината слика може да се искористи и да се искриви – рекла таа за време на вториот ден од судењето. Тифани додала дека откако почнале да се шират гласините нејзината мајка почнала да обрнува внимание на секој детаљ. Почнала да обрнува внимание на своето држење, го променила својот изглед и стилот на облекување.

– Не може да ги игнорира сите ужаси што се кажуваат за неа – нагласила таа и додала дека нејзината мајка е постојано мета на напади и дека нејзините внуци се свесни за сите злонамерни приказни што циркулираат.

– За мене беше важно да бидам тука денес и да сведочам за штетата што ѝ е нанесена. Сакав да покажам како изгледа нејзиниот живот откако ја трпи оваа омраза – рекла Тифаин.

Бизарните гласини влијаеле и на здравјето на првата дама. Според нејзината ќерка, таа забележала значително влошување на нејзиното здравје во последните години. Брижит не се појавила на суд и не се очекува да го стори тоа.

Неосновани тврдења за нејзиното менување на полот циркулираат на социјалните мрежи со години, како и коментари за разликата од 24 години помеѓу Брижит и нејзиниот сопруг, Емануел, претседателот на Франција.

Десетте обвинети, меѓу кои осум мажи и две жени на возраст меѓу 41 и 60 години, се обвинети за онлајн вознемирување. Обвинетите, според обвинителите, објавиле злонамерни коментари за полот и сексуалноста на првата дама и ја поврзале разликата во годините помеѓу неа и нејзиниот сопруг со „педофилија“.

Доколку бидат осудени, тие се соочуваат со затворска казна до две години.

Првата дама на Франција поднесе кривична пријава во август минатата година, а истрагите и апсењата беа започнати во декември истата година и во февруари 2025 година.

Поврзани содржини