Најстудено и најмногу снег на Попова Шапка и Маврови Анови
Во изминатите 24 часа е наврнат воден талог од 14 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 10 во Тетово, Пожаране, Демир Капија, Виница и Дебар, осум во Берово, седум Крушево,
Најстудено изутрина е на Попова Шапка, каде во седум часот се измерени -12 степени, по што со -10 следи Маврови Анови, со -7 Крушево, -6 Пожаране и Ѓуриште. Во Охрид и Претор температурата се спуши 4 степени под нулата, -3 во Крива Паланка, Прилеп, Берово и Дебар, -2 во Тетово, -1 Скопје-Зајчев Рид, Битола, Штип, Куманово и Виница, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи.
На Попова Шапка има 31 сантиматар снег, 21 на Маврови Анови, 12 Пожаране, седум Берово, шест Тетово, пет Крушево, четири Крива Паланка, Тополчани и Ѓуриште, два Виница, а сантиматар снег има во Скопје-Зајчев Рид, Охрид и во Штип.
Во изминатите 24 часа е наврнат воден талог од 14 литри на метар квадратен во Крива Паланка, 10 во Тетово, Пожаране, Демир Капија, Виница и Дебар, осум во Берово, седум Крушево, …
Во текот на ноќта преовладуваше облачно и студено време со локални врнежи од снег. Изутринава во западните делови облачноста делумно се намали, а врнежите престанаа. Дуваше умерен на места засилен ветер од северозападен правец, кој во Штип достигнуваше брзина до 55 километри на час.