НА СТРАЖА ВРНЕ СНЕГ Студениот априлски бран ја заснежи и Македонија

Поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка, информираат од УХМР.

319

На превојот Стража попладнево врне снег. Метереолозите најавуваат засилени врнежи и во текот на викендот особено на планините во западниот и во северозападниот дел од Македонија, како и на планинските превои.

Студениот априлски бран деновиве ја зафати и Македонија, проследен со нагло паѓање на температурите, ветар, врнежи од дожд, а на повисоките места и снег.






Во наредните денови на повеќе места ќе има врнежи, кои повремено ќе бидат пообилни и поројни проследени со појава на грмежи и засилен ветер.

Како што најавуваат од УХМР, поради спуштање на постудена воздушна маса во недела на планините врнежите повремено ќе преминуваат во снег и ќе се формира нова снежна покривка.

Вчера снежни врнежи имаше и во Маврово и на Попова Шапка.

Поврзани содржини