НА СТОЈАНЧЕ НЕ МОЖЕ НИ СУВО НИ ИСКРИВЕНО ДА МУ ПАДНЕ Паркот Жена борец итно спасен од дрво со природна склоност кон паѓање
„ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури“, соопшти Центарот.
Центарот за управување со кризи (ЦУК) побарал од ЈП „Паркови и зеленило“ и од Град Скопје итно отстранување на дрвото што е „исушено, пукнато кај коренот и опасно навалено пред паѓање“, кај Градскиот трговски центар во паркот Жена борец, во центарот на Скопје.
ЦУК извести дека се загрижил за пукнато и искривено суво дрво, откак добил пријава од граѓани. Од „Паркови и зеленило“ ги известиле дека нивна екипа веднаш ќе излезе на терен и ќе ја отстрани „опасноста од неговата природна склоност на паѓање“.
„ЦУК ја следи ситуацијата за решавање на случајот преку Секторот за операции и координации и Регионалниот ЦУК Скопје, од каде што преку постојано дежурните оперативци се решаваат ваквите и слични случаи според стандардните оперативни процедури, како и за секој пријавен случај или итна ситуација што не е во доменот на полицијата, Противпожарната служба и Итната медицинска помош“, велат од ЦУК.