Најстариот човек на светот го прослави 112. роденден во самоизолација

250

Најстариот човек на светот Боб Вајтон денеска го прослави својот 112. роденден во самоизолација поради пандемијата на коронавирусот.

Вајтон, поранешен учител и инженер од Хемшир, јужна Англија, е роден во 1908 година.






Тој ги преживеа епидемиите на шпанска треска, колера и сипаници и сега се наоѓа во карантин во својата куќа за време на коронавирусот, јави Би-Би-Си.

Минатата година го прослави својот 111. роденден со многу пријатели во неговиот стан, но оваа година ќе биде поинаков роденден.

– Сѐ е откажано, нема гости, нема прослава – рече Вајтон.

Поврзани содржини