НАЈСТАРАТА ПИЦА МУ ЗАСТАНА В ГРЛО Кривични пријави против поранешните директори на Фондот за иновации – Коста Петров и Фестим Халили
Случаите опфаќаат три спорни проекти: „Грин Хојо“, „Фротирка АД Делчево“ и „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“, при што финансиската штета надминува 23 милиони денари.
Кривични пријави се поднесени против поранешните директори на ФИТР, Фестим Халили и Коста Петров, за злоупотреба на службена положба и овозможување незаконски исплати на грантови.
Случаите опфаќаат три спорни проекти: „Грин Хојо“, „Фротирка АД Делчево“ и „Тајната на Римјаните – Pinsa Romana“, при што финансиската штета надминува 23 милиони денари.
Поднесена е кривична пријава и за познатиот случај со рецептот за најстарата пица – Тајна на Римјаните Pinsa Romana.
Реакција пристигна од портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Арсовски, кој пред три години го обелодени скандалот за најстарата пица.
„Коста Петров доби кривична пријава од институциите за скандалот што го извадив на увид на целата јавност пред точно 3 години. Скандалот за 40.000 евра доделени на свој сограѓанин од Гостивар за најстарата пица ‘Пинса Романа’, денес отпочнува да добива и правна разврска за да се казни испумпувањето на парите од граѓаните во период кога немаше пари за дефибрилатори за пациенти за цистична фиброза и ред други работи. Тогаш ми се потсмеваа од власта и демантираа како да се небитни скандали, ама денес верувам дека ќе размислуваат каде погрешиле. Правдата е бавна, но најважно е дека доаѓа. Имајте верба дека сите ќе ги стигне за криминалот што го правеа, како и за сѐ друго во животот. После Крмзов, сега и Коста Петров, а верувам дека за брзо и многу други правни разврски“, напиша Арсовски на Фејсбук.
Кривичната пријава против поранешниот директор Фестим Халили, пак, е поднесена поради основано сомневање дека Фондот е оштетен за 4.000.000 денари, затоа што е сторена „злоупотреба на службена положба“.
Корисникот иако не ги испочитувал обврските од договорот и правилникот, директорот Халили не го раскинал договорот, а исплатите се етапно завршени. За корисникот „Хојо Тек“ и за одговорното лице Дашмир Истрефи има сомневање за сторено казнено дело „измама“.