Најстарата панда наполни 38 години, како да има стотка

422

Најстарата згрижена панда во светот, која живее во Зоолошката градина во мегалополисот Чонгчинг, Кина, вчера наполни 38 години. По тој повод е направена голема прослава, со огромна овошна торта, каква што таа обожава.

Синсинг е најстарата џиновска панда денес, која се чува во зоолошка градина во светот. Има 38 години, што е еднакво на нешто повеќе од 100 човечки години. Според медиумите, таа се чувствува одлично.






Таа е најстара во семејство на 137 панди, а нејзините потомци се наоѓаат во над 20 земји низ целиот свет. Претставниците на Зоолошката градина во Чонгчинг велат дека пандата е во одлично здравје и тежи 98 килограми. За неа се грижат двајца вработени кои постојано го следат нејзиното здравје.

Животното било донесено во Зоолошката кога имало една година. Го има посетено и Калгари, Канада.

Поврзани содржини