НАЈСТАРАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ НЕ СЕ ПЛАШЕЛА ДА ПОЧИНЕ Сестра Андре нè напушти на 118 години
Не, не се плашев (од ковид) затоа што не се плашев да умрам. Ги запознав сите оние што ги сакав и му благодарам на Бога што ми ги даде. Фала му на Бога, изјавила Андре во 2021 година на својот роденден.
Во сон почина најстарата личност на светот, само неколку неделни пред нејзиниот 119 роденден во пензионерски дом. Сестра Андре, француската калуѓерка од Тулон, претходно, на нејзиниот 117-ти роденден во 2021 година имаше изјавено дека не се плаши да умре. Таа ги преживеала и шпанскиот грип од 1918 година и ковид-кризата, јавува Ројтерс.
– Не, не се плашев (од ковид) затоа што не се плашев да умрам. Ги запознав сите оние што ги сакав и му благодарам на Бога што ми ги даде. Фала му на Бога – рекла Андре.
Андре била родена во 1904 година, а станала калуѓерка во 1944 кога се приклучила на Католичкиот добротворен ред.
Нејзиното место за најстара личност сега ќе го преземе 115-годшината Шпањолка Марија Брањас која исто така жвиее во старечки дом. Во свое интерјву за весникот „Вангардија“ во 2019 година Марија реклка дека до својата 105 година свирела клавир, читала весник и вежбала секое утро.
Пред сестра Андре, најстара личност во 2022 година беше јапонката Кане Танака родена во 1903 година. Заедно со Жан Калмент, која живеела 122 години, Танаке беше една од најстарите личности воопшто регистрирани во историјата.