Најстарата Европејка го победи коронавирусот, пред нејзиниот 117. роденден

542

Најстарата жителка на Европа, калуѓерка од Франција, оздраве од ковид-19 ден пред нејзиниот 117 роденден.

Луси Рендон, која се замонашила во 1944 година и добила име сестра Андре, имала позитивен тест за коронавирус на 16 јануари, но немала никакви симптоми.






Таа за локалните медиуми изјави дека не ни сфатила дека е заразена. Се изолирала од другите жители на еден дом за пензионери во Тулон, град на југот на Франција, и целосно оздравела.

Сестра Андре, која е слепа и користи инвалидска количка, е родена на 11 февруари 1904 година. Покрај тоа што е најстара личност во Европа, тој е втора најстара личност во светот, според списокот на суперстогодишници.

На прашањето дали се плаши од тоа што има коронавирус, сестра Андре рекла: „Не, не бев исплашена, бидејќи не бев исплашена да умрам.

„Среќна сум што сум жива, но би сакала да бидам на друго место – да им се придружам на мојот голем брат, и на дедо ми и баба ми.“

ФОТО:Јутјуб

Поврзани содржини