На српската надрилекарка која унакази 12 луѓе ѝ се заканува затвор од три години (ФОТО)

1,117

Против сопственичката на белградскиот салон за убавина, О. М., е поднесено обвинение откако беше уапсена кога група жени и мажи поднесоа тужба против неа во март годинава поради тоа што им ги унаказила лицата со третманите во нејзиниот салон.

Пријавата против сопственичката на салонот ја поднесе здружението на Интердисциплинарна естетска и анти-ејџинг медицина на Србија „СЕСИАМ“, а сите повреди добиени од „третманот со со плазма пен“ биле поткрепени и со фотографии на социјалните мрежи.






Сопственичката на салонот во моментов е во истражен затвор за да не ја попречува постапката со влијание врз оштетените и сведоците и поради опасност од повторување на кривичното дело.

Во доказната постапка, обвинителството испитало 12 оштетени и еден сведок и одредило медицинско вештачење на телесните повреди на оштетените од страна на судскиот вештак во областа на пластичната и реконструктивната хирургија.

Обвинетата О. М. се товари дека сторила кривично дело во периодот од 1 мај 2020 година до 1 март 2021 година во нерегистрираниот „медицинско-естетски центар Тајас“ во Белград на начин што со неовластено и неправилно користење на средството „плазма пен“ предизвикала трајни оштетувања на третираните делови на лицата на оштетените во вид на длабоки изгореници од втор Б и трет степен со истовремено недозволена употреба на локална анестезија која претставувала ризик за животот на оштетените во случај на алергиска реакција како резултат на непостоење на антишок терапија и едукација на обвинетите, како и самата примена на апаратот „плазма пен третман“ поради користењето на електрична енергија.

Обвинителството предложило Првиот основен суд во Белград да ја осуди обвинетата на 3 години затвор, а на нејзината колешка да ѝ изрече казна затвор во траење од една година.

Во понатамошниот тек на постапката, Првото основно јавно обвинителство во Белград ќе ги испита преостанатите оштетени страни, ќе одреди медицинско вештачење на телесните повреди, а потоа ќе донесе одлука за кривично гонење на обвинетите за истото кривично дело сторено на штета на лицата кои не се опфатени со овој обвинителски предлог, пишува „Блиц.рс“.

ФОТО: Инстаграм

Поврзани содржини