На сред тренинг уапсен играч на Партизан (ВИДЕО)

Утрово беа уапсени уште шест члена на организирана криминална група чии водачи се Веjко Беливук ака Веља Невоља и Марко Миjковиќ, а полицијата објави снимка од големата акција за апсење.

1,858

За време на тренингот на српски Партизан се случија сцени како од холивудските филмови.

Членовите на жандармеријата и УКП упаднале во салата на ракометниот клуб, при што беше уапсен играч на „црно-белите“, па откако го срушиле на подот и му ставиле лисици на рацете.






По апсењето на осомничениот член на криминалниот клан Беливук во салата што ја користеше РК ​​Партизан во Белград, се огласи директорот на клубот, Александар Благојевиќ.

Тој за порталот „Телеграф.рс“ изјави дека клубот е запознат со ова апсење и дека тој е играч од младинскиот погон.

– Ние сме спортски клуб. Ние спортуваме, а во ракометната школа имаме повеќе од 500 играчи. Слушнав за апсењето и тој е играч кој е во нашата помлада категорија веќе десет години – изјавил Благојевиќ.

Утрово беа уапсени уште шест члена на организирана криминална група чии водачи се Веjко Беливук ака Веља Невоља и Марко Миjковиќ, а полицијата објави снимка од големата акција за апсење.

За време на акцијата за апсење, полицијата користела димни бомби, а осомничените членови на кланот биле уапсени на различни локации – во станови, на улица и една во спортската сала!

Еден од осомничените е уапсен во салата на ракометниот клуб Партизан, додека еден бил пресретнат на улицата во близина на комбето во кое се наоѓал. Другите осомничени членови на кланот биле уапсени од полицијата во нивните станови.

Како што може да се види на видеото, еден од нив се обиде да избега преку терасата, но таму бил совладан.

– Полиција, полиција – можеше да се слушне додека членови на МУП упаѓаа во становите.

Кои беа уапсени

Како што објавија од српското МВР во денешната полициска акција се уапсени Алекса С. (21), Слободан М. (40), Алекса Д. (24), Воислав Ѓ. (19), Милош С.Л. (21) и Мијат С. (22). Тие се уапсени поради постоење основи на сомнение дека членови на организирана криминална група сториле кривични дела здружување заради извршување кривични дела и киднапирања, соопшти МВР.

При претрес на становите на осомничените, запленети се два пиштола, воздушна пушка, околу 600 куршуми, мала количина наркотична дрога, како и неколку мобилни телефони, компјутери и пари.

Поврзани содржини