„НАЈСРАМНИОТ СОЈУЗ ВО ПОЛИТИЧКАТА ИСТОРИЈА НА МАКЕДОНИЈА“ Апасиев е во служба на Данела и на ДУИ, против Албанците во Чаир, обвинува Вреди

Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот, соопшти Вреди.

1,947

Коалицијата Вреди ги обвини ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев дека се во коалиција против Албанците во Чаир.

„Кога мислевме дека ДУИ не може да падне пониско, еве го најсрамниот сојуз во политичката историја на земјата: ДУИ, Данела Арсовска и Димитар Апасиев, сите заедно, против Вреди и против Албанците од Чаир! Да, добро прочитавте! Апасиев, човекот познат по навреди, омраза и клевети против Албанците, сега стана партнер на ДУИ во обид да ја спаси Данела и да го одржи стариот режим на Блерим Беџети во живот. Ова е сојуз на лицемерие, низок интерес и длабока паника пред промената што доаѓа од Вреди“, соопшти коалицијата.






Чаир е нападнат со сите средства: политички, а сега идеолошки, преку трио кое не дели ниту вредности ниту принципи, туку само страв од губење, се додава во соопштението.

„ДУИ одлучи да направи сојуз со најголемиот антиалбанец во земјата, само за да го запре моментумот на Вреди. Но, тие нема да можат да го спречат тоа. Вреди е гласот на народот, тоа е волјата на мнозинството и тоа е иднината која се приближува со сигурни чекори. Ниту Апасиев, ниту Данела, ниту ДУИ не можат да го спречат овој ураган на промени што започна од Чаир!“, се вели во соопштението на владејачката коалиција Вреди.

Поврзани содржини