Спикерката на украинската телевизија „TCH“, Маричка Падалко, загуби заб додека водеше вести во живо, а како што може да се забележи на снимката, забот сам си падна, а таа само го собра со раката.
Но, тоа што го привлече вниманието на многумина не беше само фактот дека ѝ паднал заб, туку нејзината мирна и спокојна реакција. Таа продолжи да си зборува како ништо да не се случило.