Утре, 15 мај 2020 година, петок, со почеток во 13:30 часот во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ ќе се одржи седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, информираа од Кабинетот на Претседателот Стево Пендаровски.
На седницата, покрај постојаните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува д-р Жарко Караџовски од Комисијата за заразни болести.
Во согласност со препораките за заштита од КОВИД-19 изјавата на претседателот Пендаровски ќе се реализира на отворено, на платото пред „Вила Водно“.