НА СОПРУГАТА 20.000 КВАДРАТИ ПОД ЛЕШНИЦИ, НА ДЕДОТО ТОП ЛОКАЦИЈА, А ЗА ФАМИЛИЈАТА – ФУНКЦИИ Потрчкото на Заев, Павел Иванов го крчмеше државното земјиште, а сега сака да го води Штип

Понижувачки за штипјани е кадидат за градоначалник на општината Штип од редовите на СДСМ да биде Павел Иванов, директен предлог на лобито на струмичкиот клан Заеви, рече денеска Иван Коцев, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

1,899

СДСМ за кандидат за градоначалник во Штип имаат човек на Заеви, нивен потрчко, од истата бизнис шема, рече денеска Иван Коцев, претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Штип.

– Понижувачки за штипјани е кадидат за градоначалник на општината Штип од редовите на СДСМ да биде Павел Иванов, директен предлог на лобито на струмичкиот клан Заеви, изречен преку нивниот бизнис партнер и продолжената рака, претседателот на СДСМ Венко Филипче. Имено, во времето кога се распродаваше и се грабаше Македонија под водство на Зоран Заев, Павел Иванов со амин на Заев беше поставен за раководител на подрачната единица на Министерството за земјоделие во Штип, а неговата сопруга со амин на Заев за директор на ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа Штип. Подоцна во 2021 година неговата сопруга беше избрана за советник во Општина Штип, а братот на сопругата Иле Илиев, како носител на листата на СДСМ и коалицијата беше избран советник во Општина Ново Село и сето тоа повторно со амин на Заев – рече Коцев.






Како раководител, додаде тој, Павел Иванов си поднесе оставка по промената на власта во 2024 година, но не заборави да додели на користење 20.000 квадратни метри државно земјоделско земјиште посадено со лешници на користење на 70 години на својата сопруга, актуелен советник во Општина Штип и 4.700 квадрати атрактивно земјиште во Суитлак на користење на 70 години на име на својот татко Ангел Иванов.

– Инсталациите од кланот Заеви за нивни политички претставници во Штип продолжува и ден денес, откако пред неколку месеци Павел Иванов беше поставен за претседател на општинската организација на СДСМ, а сега е актуелен кандидат за градоначалник. Останува да видиме дали по теркот за понижување на народот и на граѓаните, потесното семејство на Павел повторно ќе има привилегија за носечки политички функции во СДСМ. Доста е со понижувањето на Штип и на штипјани, времето помина, граѓаните на Штип за жал го почувствуваа и нормално, го казнија. Време е да продолжиме со развојот на Штип, а времето на понижување да остане само лош спомен од минатото, но да не се заборави –  рече Коцев.

Поврзани содржини